ДЕВЕТ ШАХИСТИ НА ШК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Во неделата на 25.09.2022 година во организација на Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ – Битола и ресторанот Вавилон се одржа голем меѓународен отворен турнир во забрзан шах. На турнирот учествуваа 135 шахисти од Македонија, Косово, Бугарија и Грција, од кои голем дел беа и со меѓународни титули.
 
На турнирот учество зедоа и деветмина членови на ШК „7-ми Ноември“, кои постигнаа солидни резултати. 14-то место го освои Перо Димов со 6.5 поени од 9 партии, а другите гевгелиски шахисти освоија: Коле Думаловски 5.5 поени, Слободан Дачев 5 поени, Борче Танчев 4.5 поени, Ристо Хаџиниколов 4 поени, Душко Андонов 3.5 поени, Илија Велков 3 поени, Ванчо Трајков 3 поени и,Борис Јованџиков 3 поени.
 
Со 7.5/9 освоени поени завршија четворица, но Бухолц системот го одлучи следниов редослед:
1-во место: ИМ Филип Панчевски
2-ро место: ВМ Звонко Станојоски
3-то место: Андреј Вељаноски
4-то место: ФМ Дејан Динев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *