АТЛЕТИЧАРИТЕ НА „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАА НА НОВАТА ТРКА „КОЛОР РАН 2022“ ВО СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Дарко Прошевски, Никола Ковачев, Драган Ристов, Валентина Узунова, Мијалчо Андоновски, Зоран Иванов, Благојче Темелковски, Живко Петков и Орце Цветков, денеска истрчаа 10 километри на новата атлетско-забавна трка во Скопје.
На трката која се одвиваше, по пријатно време, на патеката долж реката Вардар, а организирана од Ист Гејт Мол и атлетскиот клуб KORRUNNERS од Скопје, учествуваа над 1000 учесници. Се одржаа вкупно три трки, на 10 километри, на 2,5 километри и детската трка на 500 метри.
 
Ова беше еден поинаков тип трка и забава, препознатлив и прифатен во многу градови во светот,а сега за првпат организиран и кај нас.
 
KOLORRUN е одлична можност за активна забава за сите и е наменета за сите генерации – групи или индивидуалци, вработени во компании, семејства, деца. Може да учествува секој, без разлика на возраст, пол, физичка подготвеност
Стартот на трката беше пред Ист Гејт Мол, а атлетичарите трчаа низ самиот центар на Скопје што на оваа трка му даде посебен белег.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *