АТАНАС ЕПОВ ПРВ НА 5 КИЛОМЕТРИ, ТИМОТ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ВТОР НА 10 КИЛОМЕТРИ НА „ТРЧАЈ БЕ“ ТРКИТЕ ВО БИТОЛА

WEB Телевизија во живо

Над 1.000 атлетичари од 12 земји од светот учествуваа денеска во четвртото издание на трката низ улиците во Битола наречена „Трчај бе“, која и годинава беше и Национално првенство во полумаратон.
 
Меѓу врвните атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, на оваа трка на која се трчаат три патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола, се најдоа и членови на АК „7-ми Ноември“ од нашиот град.
 
Атлетичарите од Гевгелија не престануваат со своите активности. Вчера настапија во Грција, а денеска десетмина членови на АК „7-ми Ноември“ зедоа учество на интересната манифестација „Трчај бе“ организирана во градот на конзулите, Битола.
И овој пат од едно натпреварување, гевгеличани се враќаат со награди.
 
Атанас Епов, во трката на 5 километри, во конкуренција на околу 400 натпреварувачи, надмоќно го освои првото место, додека на 10 километри, тимот од Гевгелија во состав Ристо Чалков, Мики Петровски, Никола Ковачев, Дарко Прошевски и Игор Коцевски, го освоија одличното второ место.
 
Освен нив, на трката настапија и членовите на гевгелискиот атлетски клуб, Стојан Делев, Никола Нанчев, Живко Петков, Мијалчо Андоновски, Гордана Анастасова, Благојче Темелковски и Кристијан Прошевски.
Градот под Пелистер по четврти пат направи вистински празник на трчањето. Имаше и придружна програма, а на главната сцена настап имаше и групатаЉубојна.
 
„Трчај бе“ не е атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри.“, велат организаторите на оваа манифестација

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *