АМД „ДИЧО ПАНОВ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГО СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ „ГЕВГЕЛИЈА ВЕЛО ГРАД“

WEB Телевизија во живо

Проектот „Гевгелија Вело град“ пред пошироката јавност ќе се промовира преку изработка на видео спот, мултимедијално анимирано видео, збирка на добри практики за велосипедизам од повеќе европски држави вклучително Балканот, едукативни работилници во основните школи и средношколскиот училишен центар, работилници со јавната администрација, урбанистичките планери, туристичките работници и слично.
 
Целта на проектот е промоција на велосипедизмот преку искористување на климатските и теренски погодности за негова поголема промоција, стекнување на здрави животни навики кај младите, зголемување на економската активност на општината преку туристичко ориентирани услуги кон велосипедизмот и развој на Гевгелија како Friendly bike city општина.
 
Дополнително, проектот ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда преку организирање на спортски настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон, со тенденција тој во иднина да прерасне во традиција.
 
Проектот ќе ги застапува и промовира интересите на велосипедистите, со посебен акцент на младата популација, ќе се воспостави соработка со образовните институции за промоција и безбедно користење на велосипедите, а ќе се оствари и соработка со институциите и локалните туристички работници за потенцијалите за развој на туризмот што ги овозможува велосипедизмот. Се очекува со спроведување на проектот да се зголеми туристичката понуда и бројот на посетители на општината.
 
Проектот „Гевгелија Вело град“ се спроведува во рамки на програмата за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ќе се спроведе во период од 01.07.2022 до 31.05.2023 година.
 
Лица за контакт и повеќе информации: Виктор Гавровски – Проект менаџер тел. 070-225-227; Зоран Кајтазов – Проект асистент тел. 070-320-190;

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *