АКЦИЈА МАКЕДОНСКИ КНИЖЕВНИ КЛАСИЦИ НА БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СО БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП ДО СТОЖЕРНИТЕ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКТА ЛИТЕРАТУРА

WEB Телевизија во живо

Граѓаните на Општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, од денес имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации.
 
Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век.
 
Некои од насловите вклучени во посебен фонд за оваа акција се: „Послание“ од Блаже Конески, „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни“ од Ацо Шопов, „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Поезија“ од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, „Зборник на народни песни“ од браќата Миладиновци, „Сердарот“ од Григор Прличев, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Песни“ од Ацо Караманов, „Она што беше небо“ од Владо Малески, „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Крпен живот“ и „Раскази“ од Стале Попов итн. 

Покрај овие значајни дела за македонската литература, во акцијата се опфатени и книги на книжевно-историски теми од: Блаже Конески, Блаже Ристовски, Васил Тоциновски, Георги Сталев, Славчо Ковилоски итн.
Фондот од книги вклучени во акцијата е ограничен и е составен од нови и користени изданија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *