80 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ СТИВ НАУМОВ И МИТЕ БОГОЕВСКИ, КОИ НЕ САКАЈЌИ ДА ПАДНАТ ВО РАЦЕ НА БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА, ИЗВРШИЛЕ САМОУБИСТВО

WEB Телевизија во живо

На 12 септември 1942 година, по дојава на селски кодоши, од бугарски полицајци и војници е опсадено селото Болно, Ресенско. На началството му било кажано дека таму се кријат двајца опасни шумкари Димитар (Мите) Богоевски и Стефан (Стив) Наумов. Мите е роден во Болно, Стив е таму по задача, бил битолски партиски активист задолжен за соработка со преспанските партизани. 

Среќавајќи се за договор како да се засилат акциите за натамошна борба за ослободување заноќиле во колиба на самиот крај на селото, кај болнската шума. Колибата била опколена од полицајците, како што бил воениот ред, ги повикале да се предадат. Но не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, започнале борба, а кога им снемало муниција со последната бомба се разнеле, извршиле самоубиство.

Ги жртвуваа животите за светла иднина на својот македонски народ што и преку нивните жртви дојде до слобода и создавање на своја држава. Беа двајца против дваесет. Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *