ЖРК „ГЕВГЕЛИЈА“ СЕ ЗАСИЛУВА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА СУПЕР ЛИГА „А“

WEB Телевизија во живо

Поранешната репрезентативка на Македонија, кружниот напаѓач Ленче Илкова во новата ракометна првенствена сезона ќе заигра за тимот на „Гевгелија“. Последниот клупски ангажман на Илкова во Македонија беше во дресот на Кометал ЃП во сезона 2008/2009.
 
Претходно екипата на супер лигашот од Гевгелија се засили со левиот бек Мери Гичева. Од Управата на ракометниот клуб најавуваат уште некое засилување, со што екипата од југот на Македонија ќе ја истакне кандидатурата за повисок пласман во новата сезона 2022/2023, во Супер лигата „А“, која започнува на 10 септември 2022 година.
 
Во првото коло, гевгеличанки ќе и гостуваат на екипата на „Шампион“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *