ВИДЕО ИНСТАЛАЦИЈА „МРАЧНА ШУМА“ НА МАРИА СТОЈАНОВА

WEB Телевизија во живо

На 25 август 2022 година пред гевгеличани со видео инсталација ќе се претстави Мариа Стојанова, еден од организаторите на фестивалот „БОШ“. Настанот, кој е во организација на Дом на култура „Македонија“, започнува во 20 часот во Народниот театар.
 
МРАЧНА ШУМА е видео инсталација чија цел е евокација на една заборавена архетипска слика. Во мрачната шума е скриена тајна, вели во својот осврт, историчарот на уметноста, Емил Алексиев. Потребен е вашиот поглед за да се случи чудо –мрачната шума е преплавена од светлина и сè одеднаш оживува. Стотици пеперутки излегуваат од темнината и го исполнуваат просторот. Оваа провала на волшебното во нашиот свет создаден од бетон, челик и стакло ги ослободува природните сили затрупани од багерите на нашата цивилизација.
 
Проектот е замислен како дијалог меѓу природата и културата (nature – culture). Марија Стојанова преку јуктапозиција на две слики (една статична, друга подвижна; мрачна шума–пеперутки), поставува битни егзистенцијални прашања во врска со односот помеѓу луѓето и нивниот свет: Како културните влијанија, нашите сопствени истории, традиции, мемории, архетипски претстави, симболични слики од колективната свест и современата цивилизација ги обликуваат нашите животи? Кои се последиците од нашето отуѓување од природата? Дали природата и културата се всушност спротивставени? Можеме ли да размислиме за нашето постоење надвор од природата? Дали уметноста може да ја обнови магијата на природата?

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *