УТРЕ, НА 1 СЕПТЕМВРИ, ЗАПОЧНУВА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА. 220 ПРВАЧИЊА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СЕДНАТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ ВО ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА.

WEB Телевизија во живо

На прагот е уште една нова учебна година која годинава поради поволните пандемиски услови ќе започне навремено согласно Kалендарот за организација и работа на основните и средните училишта. Учениците од основните и средните училишта на 1 септември со седнувањето во клупите ќе го одбележат почетокот на учебната 2022/2023 година. За првпат, во училишните клупи во гевгелиските основни училишта ќе седнат 220 првачиња. Од кои, 93 во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, 90 во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, 22 во ООУ „Ристо Шуклев “- Негорци и 15 првачиња во ООУ „Климент Охридски“- Миравци. По истекот на третиот уписен рок и сумираните резултати од вкупниот број запишани ученици, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија настава во прва година ќе следат 148 ученика, распоредени во 9 паралелки. И тоа: 45 ученика во 3 паралалеки, гимназиско образование; 25 ученика во 1 паралелка, економскоправна и трговска струка (економски техничар/бизнис администратор); 25 ученика во 1 паралелка, угостителскотуристичка струка (хотелско-туристички техничар), 17 ученика во 1 паралелка, машинска струка (машински техничар за моторни возила) и 16 ученика во 1 паралелка, струка здравство и социјална заштита (физиотерапевтски техничар/гинеколошко-акушерска сестра) со 4 годишно траење на образованието. Додека 20 ученика се запишани стручно образование со тригодишно траење, од кои 5 ученика 1 паралелка, машинска струка (автомеханичар/заварувач) и 15 ученика во 1 паралелка угостителско-туристичка струка (готвач/келнер).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *