ТЕОДОРА ГОШЕВА, МАКЕДОНСКАТА НИНА СИМОН СО НОВА ПЕСНА „BOTH OF US“

WEB Телевизија во живо

Песната се вика Both of Us и на 12-ти август (петок) ќе биде објавена на нејзиниот Youtube канал и Spotify, како и на останатите социјални медиуми и музички платформи за стриминг.
 
Одамна ми стои „во фиока“, не информираше Теодора, неколку пати ја имам отпеано во живо, само изгледа сега и’ дојде моментот да има студиска снимка. Направив некои ситни измени во текстот и го сменив насловот, но мелодијата е истата што ја имам напишано есента 2014 година. 
 
Како што и самиот наслов кажува, темата е за двајца млади луѓе кои се сретнале некогаш во животот, но не се знае дали ќе бидат заедно. Едниот од нив го чека другиот, а се’ зависи од тоа дали другиот се чувствува исто. Затоа ќе преведам еден стих што вели: „Можеби во некое друго време, на друга планета и некој друг живот“.
 
Во аранжманот, вели Гошева, свирам укулеле и ги пејам пратечките вокали. Продуцент е James Sinclair-Stott од Nashville, со кој претходно имам работено на авторската песна Shine on Me, и овој пат сакав да го задржам тој звук, сличен на останатите песни.
 
Македонската верзија од песната се вика „Можеби“ и ќе ја издадам на 2-ри септември. Автор на текстот е Стефан Марковски, мој пријател, писател/поет и директор на градската библиотека „Гоце Делчев – Гевелија“. Има веќе 4 години откако го напиша текстот, но повторно ќе кажам, сега и’ дојде времето на песната. 

Пред да почнам да ја „готвам“ со продуцентот, малку само го приспособив текстот со мелодијата и тоа беше тоа. За видеото се погрижи колега од Пакистан кој како што ќе видите многу професионално си ја заврши работата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *