СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПО ПОВОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БЕЛА НОЌ“ ПРИФАТЕН ПРЕДЛОГОТ НА ПЕТАР АПОСТОЛОВ ВО ИДНИНА СЕКТОРОТ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ И ЛЕР ДА БИДЕ НОСИТЕЛ НА ОВОЈ НАСТАН

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија денеска, среда, 17-ти август ја одржа својата 13 седница. Советниците донесоа одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Гевгелија, а по повод организирањето на манифестацијата „Бела ноќ“. Продолжувањето на работното време од два часа ќе важи на 27 август 2022 година(сабота). На седницата беше прифатен предлог заклучокот на советникот Петар Апостолов, во наредните години, организатор на оваа манифестација да биде Секторот за јавни дејности и Локален економски развој при Општина Гевгелија. Тоа, рече Апостолов, произлегува од фактот што ваква манифестација подразбира одржување на концерти, изложби, посети на музејот, театарски претстави, поетски читања и слично, што е во надлежност токму на овој Сектор за јавни дејности и Локален економски развој

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *