СОВЕТНИЦИТЕ ОДЛУЧИЈА ДА СЕ ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА ЛИЦЕ ВО СТРАНСТВО И ЗА НАБАВКА НА ГИНЕКОЛОШКИ ЕХО АПАРАТ ЗА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На својата 13-та седница, Советот на општина Гевгелија донесе и две одлуки за доделување финансиска помош. Едната е за доделување финансиска помош во износ од 300.000 денари за медицински испитувања на наша сограѓанка која е со влошена општа здравствена состојба, а за кои ФЗОМ не ги покрива трошоците поради недокажана дијагноза.
 
Втората одлука е за доделување на финансиски средства во износ од 500.000 денари на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Гевгелија, за набавка на нов, современ гинеколошки Ехо апарат 3Д/4Д, а за потребите на Одделот за гинекологија и акушерство. Имено, Апаратот кој сега се користи, е користен со години и не е во функција веќе подолг период, а финансиски не е исплатливо да се сервисира. Од друга страна, стои во образложението на барањето, ЈЗУ Општа Болница се соочи со енормни материјални трошоци во последните две години поради Ковид пандемијата и финансиската состојба во моментот е доволна само за задоволување на најосновните потреби на Болницата, како лекови, медицински материјали и реагенси.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *