СЕДУМ ЧЛЕНА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЗЕДОА УЧЕСТВО НА „ЧУПИНО ТРЕИЛ 2022“

WEB Телевизија во живо

Седум члена на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија денеска зедоа учество на „Чупино треил 2022“, трка на планината Плачковица. Валентина Узунова, Дарко Прошевски, Мијалчко Андоновски, Мики Петровски, Димче Андреев, Магдалена Јованова и Горан Јованов беа дел од над 100 учесници, постигнувајќи солидни резутати.
 
Виница и годинава беше домаќин на спортскиот настан Чупино Треил, кој опфати три трки Тринити Треил од 65 км (2800м +Д), Чупино треил од 32 км (1800 +Д), и Бумбар Треил од 16км (550 Д+) . Предизвикувачките живописни патеки на Плачковица повторно си ги покажаа своите убавини и собраа одлична селекција тркачи од регионот.
 
Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја. Со постепениот раст на рекреативното трчање и организираните маратон-трки во Македонија, прашање беше само на време кога Плачковица ќе биде искористена за тоа.
 
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ќе ја обележи Виница на спортската мапа на Балканот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *