ПРОФ. АТАНАСОВСКИ: БУГАРИ ИМАЛО САМО СЕВЕРНО ОД СОФИЈА КОГА ТВОРЕЛЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ.

WEB Телевизија во живо

Професорот по предметите Историја на Средновековна Македонија и Историја на Византија на Филозофскиот факултет, Александар Атанасовски, уште пред пет години објасни зошто Светите Кирикл и Методиј не можат да бидат Бугари, а во светлото на официјално обелоденетиот договор на мешовитата македонско-бугарска историска комисија,кои историски личности заеднички ќе ги слават Скопје и Софија, како и што треба да се менува во учебниците во основно образование во Македонија и во Бугарија.
 
„Иако датумот на раѓање на Методиј се уште не е утврден, историчарите го датираат од 810-тата до 825-тата година значи во тој период. За Кирил е утврдено дека е роден 827 година. Тие се родени во Солун. Знаете ли каде биле Бугарите тогаш, 814-та, 815-та е потпишан договор за мир помеѓу Византија и Бугарија, на Бугарија и е отстапена само Сердика денешна Софија и границата е северно таму зад Витош. Јужно од Софија Бугари нема никаде. Како тогаш овие што се родиле во Солун 810-тата, 825-тата година се Бугари?
Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904-тата година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Беласица, до границата на Византија и Бугарија по Беласица. Отрпилика денешната граница помеѓу Македонија и Грција со тоа што кај Костур слегува малку Јужно и излегува на албанското крајбрежје, значи зборувам за 864 договорот помешу Византија и Бугарија, а тогаш Кирил и Методиј се во Моравија и тие работат против Бугарија бидејќи таа била во сојуз со Германија, а тие во Моравија ги штитат Византиските интереси и делуваат на страната на Моравците за да го спречат тој воен сојуз помеѓу Бугарија и Германија.
 
Значи луѓе кои што работеле против Бугарија тие сега ги присвојуваат за свои, вели професорот, византолог Александар Атанасовски.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *