ПОМЕН ЗА РАНЕТИТЕ И ПОЧИНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ И ГРЦИ БОРЦИ НА ДАГ, ПРЕД СПОМЕНИКОТ ВО КАТЛАНОВСКА БАЊА

WEB Телевизија во живо

„НАШИ ПРЕДЦИ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ШТО СТОРИВТЕ И ШТО НИ ПОДАРИВТЕ ЖИВОТ“
 
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, денеска на 27 август 2022 година организираше традиционалното чествување со панихида и полагање цвеќе на Споменикот на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.
 
Панихидата ја отслужија свештеници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва, со благослов на Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски.
 
Со поменот пред Споменикот во Катлановска бања се одбележуваат 73 години од крајот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и бомбардирањето со напалм бомби на Грамос и Вичо!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *