ОМД: НЕЗАВИСНА, СУВЕРЕНА, СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА Е НЕПОВРАТНА РЕАЛНОСТ

WEB Телевизија во живо

Денес, Обединета Македонска Дијаспора и македонската дијаспора ширум светот прославуваат 119 години од Илинден и 78 години од АСНОМ.
Независната, суверена, слободна Македонија е неповратна реалност која македонската дијаспора ширум светот помогна да се создаде.
 
Овој голем ден за сите Македонци, низ целиот свет, означува непокор, повторно раѓање на државата и воздигнување до нова слобода. Иако ние живееме во независна држава повеќе од 30 години, Македонија сега, повеќе од било кога во поновата историја, македонецот се чувствува поробен во сопствената татковина.
 
Нашите навидум пријатели кои пробуваат да ја скротат, обезличат и избришат нашата историја, искористувајќи ги слабите власти и лидери на нашата држава прават се што можат, еднаш и засекогаш да стават крај на Македонските корени и ја стават Македонија избришана во светската историја.
 
Постапките на дел од нашите соседи и европски пријатели покажуваат само едно, ниту го признават нашето постоење, култура и идентитет, ниту го подржуваат нашиот опстанок. Иако непризнаени, и навидум избришани, Македонците ќе опстанат, а Македонија повторно ќе се роди, и токму повторно на овој голем ден Илинден.
 
Нека е честит денот и вечно празнувањето на Илинден и АСНОМ!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *