НАШЕ А СВЕТСКО-ЏЕЗ КОНЦЕРТ НА ДУОТО ФИЛИП ДИНЕВ И ПЕНЧЕ КРАЛЕВ

WEB Телевизија во живо

Многу џез музика, многу импровизации, многу ноти, многу публика. Многу добро. Накратко ова е инфото од синоќешниот концерт на дуото Филип Динев-гитара и Пенче Кралев-контрабас, настан кој се случи во рамките на Гевгелиското културно лето, а во организација на Дом на култура. Двајцата одлични музичари кои потекнуваат од ова поднебје, ја разиграа пријатната гевгелиска вечер со спој на класичните и балканските елементи, постојано провоцирајќи спонтаност, а истовремено секогаш отворени и за други влијанија.
 
Гевгеличанецот Филип Динев, еден од највиртуозните и најдобри млади македонски гитаристи и композитори, дел од различни групи, како Гоце Стевковски Сепсет, Филип Динев Светло, Harrison’s Quartet, In Between Quartet, и Пенче Кралев, роден во Валандово, кој свирел со Зарина Прваседва, Тони Китановски Трио, Летечки пекинезери и други, звучеа мошне компактно со своето видување на џез материјалите. На крајот беа наградени, сосема заслужено со аплаузи на публиката која го исполни не само салонот на Народниот театар туку и самото плато пред театарот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *