НА „ТРЕИЛ“ ТРКАТА ВО АГИОС ПЕТРОС, ГРЦИЈА, СИТЕ ПРВИ МЕСТА ЗА ТРКАЧИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

Единаесет члена на АК „7-ми Ноември“ од нашиот град, вчера, сабота, 6 август, зедоа учество на второто издание на треил трката „Агиос Петрос 2022“, во малото место Агиос Петрос, кое влегува во состав на општината Пајонија.
 
Се трчаа три трки, на 5 и на 10 километри за возрасни и една трка за деца, на 1 километар. Во конкуренција на над 50 тркачи, претежно од Грција, првите места на 5 и 10 километри ги освоија гевгелиските атлетичари.
 
Така, на 5 километри првото место го освои Атанас Епов, а на 10 километри во женска конкуренција, прва беше Валентина Узунова. Во машка конкуренција, на 10 километри, првите три места ги освоија Ристо Чалков, Срѓан Милошевски и Стојан Делев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *