НА ПРВАТА УЛТРА ТРКА НАД 60 КИЛОМЕТРИ НА „CHUPINO TRAIL 2022“, ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА СО УЛТРА ПРВО МЕСТО

WEB Телевизија во живо

Една од нашите најдобри треил атлетичарки, Валентина Узунова, вчера го имаше своето „огнено“ крштевање на трката „Chupino trail 2022“ во Виница, настапувајќи за прв пат на трка над 60 километри. И, како што се вели, прво па машко, односно прва ултра трка и прво место. 
 
Во конкуренција на дваесеттина машки натпреварувачи, Валентина беше единствена припадничка на понежниот пол која го прифати предизвикот да учествува на „Тринити треил“, трка на 65 километри со висинска разлика од 2.800 метри. Во генералниот пласман, Валентина го зазеде одличното 10-то место со време нешто над 11 часа.
 
„Иако трката беше мошне напорна, изјави за ТВ Нова 12“ Валентина , иако патиките на крајот на трката буквално ми „гореа“ од целодневното трчање, сепак мошне сум среќна што ја завршив оваа трка која бара и физичка и психичка подготвеност. Настапував за екипата на ЗПСК „Кожуф“, и отсега мој предизвик со нив ќе ми бидат треил трките, а секако и во иднина ќе настапувам и на улични трки, како членка на АК „7-ми Ноември.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *