НА 1 СЕПТЕМВРИ ЗАВРШУВА ЈУБИЛЕЈНАТА 15-ТА ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА „СОФИЈА – БОГДАНЦИ“

WEB Телевизија во живо

Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломските и постдипломските студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Всушност, селекцијата на учесници ја прават самите академии и професорите, кои избираат двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите.
 
Годинава во Богданци учествуваа графичари до Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Ментор беше професор Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија, а асистент Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците работеа во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на традиционалната завршна изложба на 1 септември во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци.
 
Графичката работилница веќе петнаесет години е место за средба на идните графичари, точка на размена на искуства и идеи, средиште за творештво на многу уметници. Иако славиме мал јубилеј, не добивме поддршка од Министерството за култра. Од основањето до денеска, само неколку пати сме имале таква поддршка, па целиот терет за одржувањето го понесува Печатница „Софија“ – Богданци, за што сме бескрајно благодарни – вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението „Графичка работилница“.
 
Графичката работилница „Софија-Богданци“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европска графичка уметност. На неа досега учествувале околу 200 уметници, поседува фундус од околу 500 дела, а отворена е во текот на целата година.
Последната изложба на делата од оваа Графичка работилница, како и затворањето на истата ќе се одржат во Галеријата на Домот, на 01.09.2022 година во 19.30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *