МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „МИРЧЕ КОСТОВ“

WEB Телевизија во живо

Денеска, на тревното игралиште „Мирата“ во Богородица започнаа генерациските натпревари во мал фудбал, во рамките на Меморијалниот турнир „Мирче Костов“,посветен на трагично загинатиот Мирче Костов. 

Организатор на турнирот е ЗГ „Митко Ќаев- Баче“- Богородица, покровител е Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година, а генерален спонзор „СА-ХИ Транс“- Богородица. Одржувањето на Турнирот го помаагаат и други физички и правни лица.
 
Турнирот, утринава беше свечено отворен со натпреварот помеѓу „Џокер“ – ФК „Кожуф“ (2012 година) и ФК „Дојранско Езеро“ – „Џокер“ (2013).
Натпреварите помеѓу пријавените екипи кои се одржуваат на двете фудбалски игралишта, во првиот дел беа одиграни до 10:00 часот, а натпреварите во вториот дел продолжуват од 16:30 до 19:00 часот.
 
На 21 по ред Меморијален турнир во мал фудбал, посветен на трагично загинатиот Мирче Костов, учествуваат 24 екипи од нашата и соседните општини, во четири категории- пионерска конкуренција: 2010, 2011, 2012 и 2013. Како што е предвидено, Меморијалниот турнир ќе трае 3 дена, согласно временските услови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *