МАКЕДОНИСТИКАТА ИМА НОВИ ПОДДРЖУВАЧИ И АФИРМАТОРИ НИЗ СВЕТОТ

WEB Телевизија во живо

Македонскиот јазик, литература и култура имаат нови поддржувачи и афирматори низ светот – нови генерации посветеници на македонистиката. На јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто се одржува во Охрид, и тие, како и низа истакнати странски универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, веќе искажаа не само решеност за продлабочено познавање и проучување на македонистиката, туку и подготвеност да остварат сопствен влог во афирмирањето на македонската научна мисла и македонскиот збор низ светот, преку конкретни остварувања.
 
Летната школа на којашто учествуваат шеесетина семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република, се одвива успешно. Само оваа недела, на Школата, од страна на еминентни истражувачи од УКИМ беа одржани шест интерактивни предавања за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, беа промовирани три значајни монографски публикации и беа одбележани два значајни јубилеја – 70 години од раѓањето на Горан Стефановски и 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
 
Секојдневно се одвива и лекторска настава од по четири часа дневно, при што веќе се користат новите изданија на учебниците по македонски јазик, литература и култура за странци коишто МСМЈЛК при УКИМ ги објави неодамна. Семинаристите имаа можност да посетуваат и преведувачка работилница и курс по народни ора. Тие искажуваат воодушевеност од програмата на Школата, којашто веќе се потврдува дека им овозможува нови видици и дека ги поттикнува на нови истражувачки потфати за македонистиката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *