ГОРДАНА ПЕТРОВА ИСПРАТИ СВОИ СУВЕНИРИ НА ДОН ВОЛТЕРС, ГРАДОНАЧАЛНИК НА KAJАХОГА ФОЛС, ОХАЈО

WEB Телевизија во живо

Пред две години, градоначалникот на Кајахога фолс, Дон Волтерс донел Прокламација со која, 2 Август, Празникот Илинден го прогласува за Ден на Република Македонија во Кајахога Фолс.
 
„Тоа го правам, вели во оваа прокламација Волтерс, во чест на денот кога во 1903 година се кренало Илинденското востание против Отоманската империја, и во чест на денот во 1944 година, кога се одржало Првото заседание на АСНОМ кога Македонија е формирана како демократска држава во Југоисточна Европа.
 
Во Кајахога фолс, стои понатаму во прогласот, постои Македонски бизнис клуб, кој ги обединува македонско американските граѓани кои се значајни чинители во општествениот и економскиот живот во Кајахога Фолс“
 
Предизвикана од овој гест, гевгелискиот вајар, Гордана Петрова, како благодарност, испраќа колекција од свои сувенири на градоначалникот Волтерс, за да го красат неговиот кабинет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *