ГОДИНАВА ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 26-ТИ АВГУСТ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КУЧЕТО

WEB Телевизија во живо

Скопскиот Пет Шоп Мона годинава го иницира првото одбележување на Меѓународниот ден на кучето во нашата земја. Попладнево сите заинтересирани љубители на кучиња се поканети на дружење и меѓусебна комуникација која би требало да ги постави основите на идното одбележување на овој ден кај нас.
 
Меѓународниот ден на кучето се одбележува секоја година на 26 август за да им се оддаде почит на сите кучиња – без разлика на облиците, големините, возраста и расите – и да го поттикне посвојувањето на сите оние кои допрва треба да најдат дом и семејство засекогаш.
 
Тоа е добра и симболична прилика да се прослави најдобриот пријател на човекот и да се потсетиме дека секое куче ширум светот заслужува подобар живот – живот во радост, љубов, заштита, грижа и почит. Посебен ден за подигање на свеста за посвојувањето куче бидејќи ако барате животен придружник, засолништата се полни со четириножни пријатели кои ве чекаат.
 
Денес кучињата имаат големо учество во нашето општество. Тие имаат значајна улога да му помогнат на човекот во секојдневниот живот. Ширум светот кучињата се обучуваат за потрага и спасување луѓе, има работни кучиња кои се обучени да им помагаат на лицата со посебни потреби, полициски кучиња за откривање, трагачи на аеродроми. Во поново време кучињата дури успеваат да откријат рак кај пациенти.
 
Денес, исто така, сакаме посебно да размислиме за сите кучиња кои сè уште се оставени во многу делови од светот бидејќи на луѓето, владите или на локалните власти не им е грижа. Треба да се потсетиме на сите убиени или малтретирани кучиња, но и на оние кои живеат како бездомници, во страдања, без човечка грижа. На таквите кучиња им трeба помош и спас.
 
Овој ден е по прв пат одбележан во 2004 година од Колин Пејџ, во Соединетите Американски Држави. По воведувањето на Меѓународниот ден на кучето, во Америка биле посвоени повеќе од еден милион бездомни кучиња. Овој тренд е, од тогаш, забележлив и во многу други земји во светот, а Националниот ден на кучето сега се слави низ целиот свет како Меѓународен ден на кучето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *