ЕПИДЕМИОЛОГ ДР. САШКО ОЛУМЧЕВ:

WEB Телевизија во живо

„ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СИТУАЦИЈА Е ПОВОЛНА, СО ЛЕСНА СИМПТОМАТОЛОГИЈА, А ВО МОМЕНТОТ ГРАДИМЕ ЕДЕН ХИБРИДЕН КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ КОЈ ЌЕ НИ ЗНАЧИ МНОГУ ВО ЕСЕНСКИТЕ МЕСЕЦИ КАКО ОДБРАНА ОД МОЖНИ НОВИ ПОДВАРИЈАНТИ ОД КОВИД ВИРУСОТ.“
 
Во моментот, во подрачјето на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, епидемиолошката ситуација е поволна, изјави доктор Сашко Олумчев, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица Гевгелија.
 
Имаме 80-на активни случаи, кои се со симптоматологија полесна дури и од настинка, само со еднодневна температура, и кои се третираат од матичните лекари. Немаме пациенти на болничко лекување, додека минимален процент на инфицираните граѓани имаат потреба да се јават на специјалистички преглед. 90 отсто од тестираните пациенти кои се јавуваат кај нас се позитивни, но тоа е само бројка, додека симптомите се лесни и заради сигурност на нивните блиски, ние определуваме седмодневна изолација.
 
Во моментот, вели др. Олумчев, во Македонија, изминативе две и пол години изградивме еден хибриден имунитет, што со вакцинирање, што со прележување на короната, кој и тоа како ќе ни користи во есенските месеци, кога ќе биде сезона и на други респираторни вируси, и евентуално, нови подваријанти на корона вирусот. Така да, јас не очекувам драматична промена на оваа ситуација и наесен.
 
Со почетокот на есента и на училишната година, можно е да се зголеми бројката на инфицирани и појава на отсуство од работа и од часовите, поради мерката од седумдневна изолација, но, не очекувам влошување на симптоматологијата. Мислам дека во наредниот период Комисијата за заразни болести ќе ја намали оваа изолација на 3 дена.
 
Исто така, сакам да потенцирам дека сум оптимист и очекувам до крајот на годината, ковид вирусот да се внесе во евиденцијата на ендемски вируси и да се третира, како и другите вируси, со вакцинирање по сопствен избор, секоја година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *