ДА СЕ ПРАВИ АЈВАР ИЛИ НЕ, ДИЛЕМА И НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ДОМАЌИНКИ?

WEB Телевизија во живо

Дали ќе се прави, македонскиот кавијар, ајварот, или не, во гевгелиско оваа година?
 
Оваа дилема е присутна секоја година и кај гевгелиските домаќинки, но годинава малку поизразена, заради економската и енергетската криза. На цената на подготовка на ајварот ќе влијаат цените на дрвата, маслото, пиперките и другите намирници, кои се поскапени.
 
Пиперката ајварка денеска на гевгелискиот пазар се продаваше по цена од 50 денари за килограм. Сега е малку рано за ајвар, но прашањето е дали и до каде ќе падне цената на пиперката, секако ако падне.
Финансиската моќ, велат поголемиот број гевгеличанки кои ги сретнавме на пазарот овој четврток е многу мала, пензиите се мали, така што „нема да правиме“.
 
Други пак се на мислење дека не само цената на артиклите туку и вложениот труд нема да им се исплати, па се надеваат дека преработувачките фабрики, кои ги има во гевгелискиот крај ќе прават убав домашен ајвар.
 
И продавачите се жалат на продажбата. Велат муштериите поради слабата куповна моќ се откажуваат од правење на зимница. Нас ни е евтино, ним им е скапо, вели еден од продавачите.
Да потсетиме, минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа 50, а зејтинот 70 денари.
Како ќе биде оваа година останува да видиме.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *