АТРАКТИВНАТА МАРЈАНА СТАНОЈКОВСКА И ЕНЕРГИЧНИОТ ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ ЌЕ БИДАТ ВОДИТЕЛСКА И ТАНЦУВАЧКА ДВОЈКА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ВЕЧЕР НА „ОХРИД-ФЕСТ 2022“

WEB Телевизија во живо

Во многуте традиции што за време на своето постоење ги создаде „Охрид-фест“, најомилена е водителската двојка на Интернационалната вечер, Марјана Станојковска и Васил Зафирчев. Тие двајцата едноставно се толку уиграни, така привлечно доминираат на сцена што се разбираат и со поглед. Плус, фантастично танцуваат и се големи љубители на музиката.
 
– За мене е задоволство и уживање повеќе годишната соработка со „Охрид -Фест“, фестивалот кој речиси три децении континуирано ја негува македонската народна и забавна музика, ги обединува најзначајните музички имиња од регионот, гради музички мостови на пријателство, им дава одлична можност за промоција на младите а воедно ги афирмира и промовира вечните убавини на Охрид и на Македонија – вели Зафирчев. – Инаку, со прекрасната Марјана не врзува долгогодишно пријателство и соработка, а покрај модерацијата, не обединува и љубовта кон музиката и танцот. Се радувам што и годинава заедно со неа ќе бидеме домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот и ќе се дружиме со изведувачите и публиката на сцената на „Долни Сарај“.
 
– Со Васил сме супер тим- се надоврзува Марјана. – Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме. Тој е првенствено голем уметник, кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за „Охрид фест“ одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката. Да се работи со него претставува вистинска чест и задоволство. Патем, многу ја сакам музиката и се радувам на „Охрид фест“, бидејќи е единствен фестивал што гради регионални мостови на музиката и како што потенцира уметничкиот директор на Интернацоналната вечер, Горан Шарац- “Охрид- фест“, тоа е како Евровизија на Балканот. Се гледаме на 3 септември во Охрид!“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *