60 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО МАРАТОНСКО ПЛИВАЊЕ ВО ОХРИД

WEB Телевизија во живо

АТИНА БОЈАЏИ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО КАЈ ЖЕНИТЕ, А ДИКИ БОЈАЏИ ТРЕТОТО КАЈ МАЖИТЕ
 
На денешен ден, 5 август 1962 година во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прераснал во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Меѓу професионалците победил Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конкуренција победила охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигнал Дики Бојаџи – трето место и Климе Савин кај аматерите – четврто место. 
 
Од 1992 година шампионатот бил именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет, втор бил Вилјам де Вренг од Холандија, а трет Дики Бојаџи од Македонија. Во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија, инаку сестра на Дики Бојаџи. Маратонот продолжил да се одржува до 1966 г. (со исклучок на 1963 г. поради Скопскиот земјотрес), a од 1992 г. се одржува секоја година на патеката „Климе Савин“. Од 1998 г. натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *