ЗАВРШИ 19-ТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „АПОЛОНИЈА 2022“

WEB Телевизија во живо

Синоќа, со изложба на создадените дела, во Гевгелија се затвори Ликовната колонија„Аполонија 2022“, на која од 4 до 14 јули оваа година учество зедоа деветмина уметници од земјата и од странство. Во благопријатната атмосфера на овој хотел, десеттина дена создава уметнички дела Јелена Милошевиќ, Драган Бартула и Емил Сфера од Србија, Петар Белијашки од Бугарија, Татјана Медарова од Велес, Ниче Василев од Струмица, како и гевгеличаните Боро Петров и Јордан Јанев-Дане. За спомените да останат трајно забележани, се погрижи уметникот и фотографот Рајко Каришиќ од Белград.
 
„Полека заборавајќи ги двете загубени „ковид“ години, пак ја откриваме радоста на творештвото и на неповторливото дружење со уметниците сликари“, изјави на крајот директорот на Фондацијата Аполонија, Аце Ристовски.

„Гевгеличани, рече тој, ќе си ги наполнат со убавина очите и душите соочени со новосоздадените дела од овогодишната колонија и пред нас се отвара прекрасниот и раскошен свет на имагинацијата на овие автори.“

Сите новосоздадени дела од оваа традиционална Ликовна колонија ќе ги красат просториите на хотелот Аполонија и ќе им овозможат на гостите да уживаат во овие сликарски дела.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *