ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВТОР ПО РЕД МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ „ИВАН ПЕНОВ“

На 28 јули, започнува вториот по ред Меморијален турнир во баскет 3х3 „Иван Пенов“. На кошаркарското игралиште позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, до 4 август ќе бидат одиграни натпревари помеѓу пријавените 21 екипа во јуниорски и сениорски категории кои ќе му оддадат почит и ќе го продолжат споменот на прерано починатиот гевгелиски кошаркар, Иван Пенов, кој трагично го загуби животот.
 
Меморијалниот турнир е со натпреварувачки карактер, а за најдобрите екипи во двете категории се предвидени парични награди. На крајот од турнирот, ќе бидат прогласени и наградите MVP на турнир и MVP на финале. На турнирот учество ќе земаат во категоријата сениори екипите на: Живинарска фарма „Стокол“, „Кичуков Компани“, „Фантоми Север“, Restaurant Cream, Monopoly coffe, Cabrela coffe, „Дон Андон“, Homemade Negorci, Tren, „Рекреативо“ „Партизан Моин“ и „Кожув“. Додека, во категоријата јуниори: „Римаг“, IBA, Basket Eagles, Amigos, Ballers, Prima Basket 2, Evrotip. Wizzards и Prima Basket 1.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *