ВЕЧЕР ВО КОЈА „РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ ГИ РАЗБУДИЈА СПОМЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕТО НА НОЌНИТЕ СЕРЕНАДИ

WEB Телевизија во живо

Во една убава, топла, јулска квечерина, со песната на „Распеани гевгеличани“, присутните, за момент, се навратија на едно старо време, време на ноќни седенки и пеење на серенади под прозорците на младите моми, време кое за жал повеќе го нема. Но, сепак остануваат поединци и групи кои и натаму ја негуваат староградската македонска песна, која секогаш во минатото била придружник и во добрите и во лошите настани од животот на гевгеличани. Просторот на платото пред Народниот театар синоќа го исполнија токму ваквите песни кои разбудија многу носталгија кај присутната публика. Сето тоа организирано од Дом на култура а во рамките на “Гевгелиско културно лето”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *