ТОПЛОТНИОТ БРАН „ЛУЦИФЕР“ ДЕНЕС ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Од денес целата територија на Македонија ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, поради што, Владата донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица.
 
Се препорачува и во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
 
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да им укажат помош на осамените, старите и на изнемоштените лица и на бездомниците.
 
Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
 
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.
Се апелира и до граѓаните внимателно да се движат во шумите и да избегнуваат дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *