СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ТАНЦИ 2022

WEB Телевизија во живо

Организатори на Европското првенство се танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break-A-Leg“ од Скопје, Навистина се работи за една сериозна организација на првенство, на коешто за 1.800 натпреварувачи, во тие четири натпреварувачки денови, до минута е одредена една саатница во којашто се натпреваруваат.
 
Ова ќе биде една ексклузивна можност за сите од Македонија да уживаат во натпреварувањето и да гледаат едни врвни кореографи. И ако ние не можеме да патуваме надвор во Европа, Европа конечно може да дојде кај нас и Македонците да уживаат во одличните танцови перформанси,“ изјави Трајче Петковски, на денешната прес конференција по повод Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships), кој воедно е и организатор на првенството.
 
Во наредните неколку дена, започнувајќи од 02.07.2022 (сабота), па сѐ до 05.07.2022 (вторник), Европското првенство во танци 2022, со добра причина ќе ги обедини најдобрите танчери од Европа во пријателска атмосфера, каде што секој може да дојде и да ужива во магијата на хип-хоп танците, како и да се восхитува на спектакуларните изведби на талентираните танчери.
Скопје, како домаќин на Европското првенство во танци 2022, ќе го спои талентот на бројни танцови уметници и кореографи од цела Европа, со цел споделување на најдоброто од хип-хип културата со публиката на најдобриот можен начин, – танцувањето.
 
На првенството кое ќе се оддржи во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански, голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на натпреварувањето, трудејќи се да се рангираат што подобро.
Европското првенство во танци 2022 има за цел да понуди препознатливи настани како места за меѓусебно запознавање и поврзување на уметниците, како и да се воспостават корените на модерна платформа, којашто би ги поддржала младите, кои сакаат да се изразат на поинаков начин, но и да се едуцираат користејќи свој личен потпис и танцови движења, славејќи го танцот како најуниверзалниот јазик во светот за споделување на културите од целиот свет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *