Големиот православен празник посветен на Св. Апостол Петар што секогаш се одбележува на 12 јули се смета за еден од најголемите празници по Велигден.
Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна.
Во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а гевгеличани сметале дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.
На празникот му претходи петровденскиот пocт, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пocт е еден од четирите повеќедневни пocти во текот на годината, а започнува од првата недела по Дyхoвден, а бидејќи овој празник е со непocтојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пocт секогаш нe трае исто.
Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос.На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.
За Петровден, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат.
Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитaтивнaта магиja се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте.
Според преданието што го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј жоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт”.