НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА „ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО“ СО ДЕНС ШОУ, СТЕНД АП, ИЗЛОЖБА И ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ

WEB Телевизија во живо

И наредната недела, Јавните општински установи Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерски дом- Гевгелија организираат богата културна програма за „Гевгелиско културно лето“.
 
На 19 јули, 2022 година, на Стариот градски пазар, со почеток во 21:00 часот, денс-групата „Дива- Утопија, земја на соништата“ од Гевгелија ќе приреди музичко шоу, преставувајќи се со кореографии на урбана музика.
 
На 20 јули, гевгеличани ќе имаат можност да се соберат на „Митинг“, во организација на „Диверзија“, на кој Дејан Малзарков со својот стендап- настап во спортската сала „26 Април“- Гевгелија ќе ја насмее публиката со оригиналните ликови на чик Ване, Пецко и Џоче. „Митингот“ ќе започне во 21:30 часот.
 
На платото пред Народниот Театар, со почеток во 20:00 часот, на 21 јули, ќе биде отворена Изложбата на Летната ликовна школа при ЈОУ Дом на култура „Македонија“. На поставката, ќе бидат изложени делата на 40 дечиња кои твореа за време на Летната ликовна школа, под менторство на ликовниот уметник, Александар Јанев.
 
Следната недела од „Гевгелиско културно лето“ завршува со Концерт на Фолкорниот ансамбл „Бојмија“, на 22 јули, 2022 година, на градскиот плоштад „Сава Михајлов“, со почеток во 20:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *