ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ЗАПОЧНУВА НА 4-ТИ ЈУЛИ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија, Дом на култура, Пионерскиот дом и Градската библиотека оваа година ќе го организирааат Гевгелиското културно лето.
Со френетично темпо и многу ентузијазам ги организиравме сите настани кои се плејада од локални артисти и гости кои со еден збор можаат да се наречат најдоброто од Гевгелија.
 
Програмата започнува од 4-ти јули,понеделник, во 19 часот, на платото пред Народниот театар, со претставата за деца „Волшебното кутивче“ омнибус претстава по текстовите на Петре М. Андреевски, Киро Донев и Стојан Тарапуза а во изведба на најмладите актери на драмската секција при Дом на култура. Веднаш потоа, од 20 часот, љубителите на драмската уметност ќе може да ја проследат репризата на претставата „Име“, дело на Аматерското драмско студио при Дом на култура.
 
Инаку, сите настани во склоп на гевгелиското културно лето ќе се одвиваат на повеќе локации на отворено во централното градско подрачје.
Секој настан ќе биде мало изненадување, затоа следете ги страницата на Дом на култура „Македонија„, Градската библиотека „Гоце Делчев“ и на Општина Гевгелија за повеќе информации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *