“ФОНДАЦИЈАТА БОРЈАН ПЕТКОВСКИ“ ДОНИРАШЕ ВОЗИЛО НА ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Оваа донација е во чест на нашиот прерано починат брат Борјан Петковски, кој ја сакаше медицината и стоматологијата, но и општото добро кај сите луѓе. Тој беше одличен студент и постигнуваше одлични резултати на студиите по стоматологија, Докторската професија бара многу учење, посветеност, разум и храброст. „Белиот мантил” се носи со достоинство и гордост, и привилегија е да служите на јавноста како доктор.

Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе при извршувањето на секојдневните задачи на болницата, што е во интерес на сите граѓани од Општина Гевгелија и околината, изјавија браќата Петковски на денешната средба со директорот на Општата болница, др. Митко Крџев.

Во свое име и во име на сите вработени во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, директорот Митко Крџев се заблагодари на овој хуман гест, и на вредната донација на Фондацијата Борјан Петковски, при што истакна дека возилото ќе биде од корист во секојдневното работење на Болницата, а во исто време ќе го чува засекогаш споменот на Борјан Петковски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *