ВО ДОЈРАН СЕ ОДРЖА НАЦИОНАЛНО ТРИАТЛОН ПРВЕНСТВО 2022

WEB Телевизија во живо

И покрај силниот ветер кој го разбранува Дојранското езеро, вчера и денес, 11 и 12 јуни, во Дојран се одржа Национално триатлон првенство Дојран 2022, во пливање, возење велосипед и трчање, на кој учество зедоа осумдесет и тројца натпреварувачи во категориите Сениори, Јуниори, Мастерс, Кадети, Деца 1 и Деца 2.
 
Организаторите, Триатлон федерацијата на Македонија и Општина Дојран, како и Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот Олимписки комитет на Македонија, не го криеа своето задоволство што и двата дена гледачите присуствуваа на возбудливи и одлични трки.
 
Гевгелија на ова првенство имаше само еден натпреварувач, Дарко Прошевски, од Атлетскиот клуб 7-ми Ноември, кој во категоријата Мастерс го освои 11-то место.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *