ТУРИСТИЧКО-ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

АНДОН САРАМАНДОВ: „САМО СО ВАКВИ НАСТАНИ ЈА ЧУВАМЕ КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА И ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ НА ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА“
 
ТАТЈАНА БОШКОВ, ДЕКАНКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА: „ВИЗИЈАТА ЗА ТУРИЗМОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА И МАКЕДОНИЈА ЈА ГЛЕДАМ ВО ЛОКАЛНИ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРНИОТ И РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ“
 
Во организација на Факултетот за туризам и бизнис-логистика во Гевгелија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, денеска во Гевгелија, на терасата на хотел „Аполонија“, се одржа 13-та по ред „ТУРИСТИЧКО- ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА 2022“.
Главна цел на изложбата е да го презентира културно-историското наследство од југоисточниот дел на Македонија. Изложбата е дело на студентите и професорите од овој факултет, кој оваа година одбележува петнаесет години постоење.
 
Пред присутните, најпрво се обрати проректорот, проф. д-р Мишко Џидров. Тој напомена дека фактот што факултетот слави 15 години постоење а оваа манифестација 13, доволно зборува за тоа дека ваквите активности се силно поддржани од локалната самоуправа,која го препознава значењето на овој факултет.
 
Градоначалникот на Општина гевгелија, Андон Сарамандов, изразувајќи го своето задоволство од опстојувањето на овој факултет во Гевгелија истакна: „Историјата со векови наназад ја пишува културата на македонскиот народ, а нашата генерација со вакви настани покажува дека таа култура и таа традиција ја чува како за нас, така и за идните поколенија.
Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, има големо значење бидејќи продуцира остручени кадри, академски граѓани, кои се и ќе бидат носители на идниот развој на општината во која значајна улога има туризмот како стопанска гранка.“
 
„Сакам да најавам, рече Сарамандов, дека во изминатиот период се организирани работилници, со сите туристички чинители за развој на туризмот, а оваа година во рамките на Општина гевгелија ќе отвориме и посебно Одделение за туризам“
 
Деканката на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, проф. д-р Татјана Бошков во своето обраќање кон присутните не го криеше своето задоволство што, по пауза од една година, овој пат, наместо „он лајн“ оваа манифестација повторно се организира пре посетители. Пандемијата со „Ковид 19“, истакна Бошков, создаде можност да се преиспитаме себе си и она што го цениме и да размислуваме како во иднина да се развива туризмот во Општина Гевгелија. Ако глобалната економија не научи нешто, тоа е фактот што оние работи што ни значат најмногу не можат да се купат со пари. Визијата за идниот развој на туризмот во Гевгелија и Македонија ја гледам во локални проекти за развој на културниот и руралниот туризам, заврши таа.
 
Деканката проф. д-р Татјана Бошков, потоа на продеканот, доцент д-р Наташа Митева, раководителот на Наставниот центар, проф. д-р Марија Магдинчева Шопова, на поранешните декани, Нако Ташков и Никола Димитров, на директорот на хотел Аполонија, како и на повеќе студенти им додели благодарници.
 
На манифестацијата настапија и членовите на Фолклорниот ансамбл „Бојмија“, кои го презентираа богатството на фолклорниот мелос од овој крај.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *