СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ПАТРОНАТОТ НА ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“

WEB Телевизија во живо

Сношти, со свечена академија во Градскиот театар, беше одбележан Патрониот празник на училиштето. На вечената манифестација „Растеме, траеме, опстојуваме“ присуствуваше градоначалникот Андон Сарамандов, како и голем број на наставници, ученици и граѓани на општината.
 
„ООУ „Крсте Мисирков “одбележа 64 години традиција, квалитет, знаење, мисија. 64 Години „Крсте Мисирков“ – училиште на многу генерации. Генерации кои го прославија големиот празник, празник на љубовта, радоста, младоста, празник на спомените… Генерации на ученици и генерации на наставници. Наставници, коишто со љубов го всадуваат плодот на знаењето кај секој ученик.“,
 
Откако со едноминутно молчење му се оддаде почит на прерано починатиот наставник Оливер Ташев, присутните ја проследија културно-уметничкатата програма во која учествуваа учениците од I до IX одделение кои со нивните наставници- ментори со рецитал, драматизација и музичко-кореографски точки.
 
ООУ „Крсте Мисирков“ е изградено во 1967 година, како продолжение на истоименото училиште кое било лоцирано во центарот на Гевгелија, кај старото грчко училиште, односно на местото на денешниот хотел „Аполонија“. Училиштето е на два ката и располага со корисен простор од 1.211 м2 и двор со површина од 4.116 м2 или вкупна површина од 5.327 м2. Училиштето располага со 20 училници, 4 кабинети, 1 спортска сала и 1 надворешно спортско игралиште. Во 1995 година била направена двокатна доградба како нов административен дел. Во рамките на ова училиште се наоѓа и подрачното училиште во Моин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *