ШАХОВСКИ ТУРНИР ЗА ДЕЦА И ДВОМЕЧ ВО СЕНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Синоќа во прекрасна и пријателска атмосфера, во просториите на ШК „7 Ноември“ во Гевгелија , се одржа турнир за деца и сениорски двомеч помеѓу клубовите од Гевгелија и Струмица. На турнирот за деца учествуваа вкупно 16 играчи, поделени во две групи , а најдобар на крајот беше Кристијан Кавазов од гевгелискиот шаховски клуб .Тој во финалето за нијанса беше подобар од Михаил Танушев и заслужено го освои првото место.
 
Во сениорскиот двомеч, исто така, подобри беа сениорите на ШК “7 Ноември 2021″кои со резултат 3:2 беа поуспешни од гостите од Струмица. Од раководството на ШК „7 Ноември“ изразија задоволство за средбата и дружењето со колегите од Струмица, и се надеваат дека и во иднина ќе има уште вакви средби, како со струмичани, така и со шахисти од другите градови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *