НА 64 РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА, ЃОРГИ НОВАКОВСКИ ОД ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО СО МАКСИМАЛНИ 100 ПОЕНИ

WEB Телевизија во живо

На денешниот државен натпревар по физика, кој се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје, а организиран од Друштвото на физичарите на Македонија, учествуваа и двајца ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“, ученичката Лилјана Мајсторова од 8 одделение и Ѓорге Новаковски од 9 одделение, со нивната менторка Александра Горгиева.
 
Ученикот Ѓорги Новаковски го освои I место со максимални 100 поени, со што уште еднаш се докажува дека со добро и редовно учење, резултатите секогаш стигнуваат.
Нека биде ова инспирација за сите останати ученици од општината вредно да учат, не само заради оценките, туку за збогатување на своето знаење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *