НА 24 ЈУНИ 1861 ГОДИНА ВО ЗАГРЕБ ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ЗБОРНИКОТ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ

WEB Телевизија во живо

Во Загреб, на денешен ден, пред 161 година, излезе од печат Зборникот на народни песни, најзначајната книга на македонската преродба, заедничко дело на двајцата браќа Димитрија и Константин. На 24 јуни 1861 година, првите примероци од зборникот ја напуштиле печатницата на Антета Јакиќ во Загреб и им биле испорачани на претплатниците. Зборникот е финансиран од хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, за што Константин во посветета му искажува голема благодарност.
 
Песните се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаљовни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, на Водици, на Ѓурѓовден и жетварски. Зборникот содржи и други фолклорни и етнографски материјали (детски игри, свадбени и годишни обичаи од Струга и Кукуш, верувања, игри, преданија, сопствени имиња, пословици, гатанки, речник, имиња на претплатниците).
 
Во предговорот Константин ги изнесува своите сфаќања за народното творештво како „показалка на степенот на умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот“, за народното оро како „училиште каде се усовршенствувала народната ни поезија“ и слично.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *