ЛАНА ТРАЈКОВА ОД ШК „7 НОЕМВРИ“ НА ЕВРОПСКИОТ ШКОЛСКИ ШАХОВСКИ КУП ВО ЦРНА ГОРА

WEB Телевизија во живо

Од 11-ти до 16-ти јуни 2022 година, во организација на Шаховската Федерација на Црна Гора во Цетиње се одржува Европскиот Школски Шаховски Куп 2022.
 
Поддржани од Шаховската Федерација на Македонија, нашата земја ја претставуваат 18 младинци, меѓу кои е и Лана Трајкова од ШК „7 Ноември“ од Гевгелија.
 
Ова е одлична можност за нашите млади надежи да си ги “измерат силите” со своите врсници и да си ја проверат формата и знаењата пред престојните младински првенства на Македонија.
 
На шампионатот учествуваат 117 играчи, родени до 2015 година, поделени во шест групи, од Албанија, Босна и Херцеговина, Англија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Украина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *