ГРАДСКИОТ МЕШАН ХОР „ГОРТИНИЈА“ ИМАШЕ ПРЕКРАСЕН НАСТАП НА ФЕСТИВАЛОТ НА ХОРСКА МУЗИКА ВО ТЕТОВО

WEB Телевизија во живо

Овој викенд Тетово живееше во духот на хорската музика! Овој викенд се славеше хорското пеење преку триесет и првиот фестивал ТЕХО! Оваа година седум хора од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија пееа во слава на Бога во манастирскиот комплекс ,, Свети Атанасиј ‚‚ – Лешок. Публиката беше дел од величенственоста на умилителното хорско пеење на православна духовна музика на 11 и 12 јуни, во културно – духовниот центар ,, Кирил Пејчиновиќ.
 
Дел од оваа атмосфера беа и членовите на Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија, кои на љубителите на православната духовна музика се претставија наместо со три, со четири изведби. Со аплауз беа дочекани изведбите на „Свечената песна за Кирил и Методиј“, „Херувимската песна“, „Теби поем“ и „Сеи ден“.
 
На првиот ден од фестивалот, во саботата, на 11 јуни, со почеток од 19.30 часот настапија Лесковачката црковно пеачка дружина „Бранко“ од Лесковац, Србија со осум композции, додека девет изведби имаше мешаниот хор „БујАрт“ од Тирана, Албанија.
 
Останатите хорови настапија на вториот ден, недела, 12 јуни, со почеток од 13 часот. Тогаш настапија домаќините, градскиот женски младински хор „Менада“ со пет композиции, додека градскиот мешан хор „Гортинија“-Гевгелија со четири изведби. Следуваше мешаниот камерен хор „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје со четири композиции и женскиот младински хор МКЦ Скопје со шест песни. Фестивалот се затвори со настапот на академскиот машки гор „Гусла“ од Софија,Бугарија.
 
„Се надеваме дека и овојпат ја претставивме македонската хорска музика во најдобро светло затоа што Тетово е град кој го заслужува тоа и навистина настојуваме да се потврдиме како културна средина, средина во која што живеат граѓани од различни етникуми, но сепак со единствена желба музиката да ги сплоти сите луѓе и да имаме еден настан кој навистина ќе остане во сеќавање“, изјави на крајот Ивица Зориќ, директор на фестивалот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *