МУЗИЧКИОТ ВОЛШЕБНИК, ГОЛЕМИОТ ГОРАН БРЕГОВИЌ СО СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА 25 ЈУНИ ВО „ДЕ ФАКТО“ ВО ГЕВГЕЛИЈА!

WEB Телевизија во живо

Можете да го сакате, можете да го мразите, но едно нешто мора да му признаете, се работи за најпознатиот музичар од балканските простори кој направи светска кариера, вешто комбинирајќи разни стилови и жанрови во својата музика.
 
Започна со „селскиот“ рок и групата „Бијело Дугме“ , продолжи со филмската музика за „Кралицата Марго“ и песните за Иги Поп, за да заврши со својот „Оркестар за свадби и погреби“.
 
Ако се прашувате што е Горан Бреговиќ, современ композитор, традиционален музичар или едноставно рок ѕвезда, одговорот е едноставен, жонглирајќи со разни музички стилови меѓу кои и со ромската музика, тој создаде музика која е универзална, и на прво слушање знаете дека е негова.
 
Затоа, овој концерт во Гевгелија никако не смеете да го пропуштите. Ноќта на 25 јуни, ДЕ ФАКТО и Гевгелија ќе грмат од заедничкото пеење на публиката и оркестарот на Бреговиќ на традиционалните балкански и ромски песни како и обработките на Бијело Дугме, „Месечина“, „Едерлези“, „Калашников“.
 
Забавата е загарантирана!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *