ФАНТАСТИЧЕН НАСТАП НА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ВО ВЕЛЕС

WEB Телевизија во живо

АТАНАС ЕПОВ ПРВ НА 5 КМ, РИСТО ЧАЛКОВ ЧЕТВРТИ, НИКОЛА КОВАЧЕВ И ЦЕЦА СРБОВА ЕДИНАЕСЕТТИ. ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА НА 10 КМ ВО СВОЈА КАТЕГОРИЈА
 
Денеска, недела на 12 јуни во Велес се одржаа две трки низ велешките улици на пет и десет километри насловени „Трчаме за Рацин”, што ги организираше АИК „Борец”, во соработка со Општина Велес. На трките учествуваа 316 атлетичари од Велес и други градови од земјава како и од соседна Србија.
 
Атанас Епов на трката на 5 километри и овој пат ја докажа својата супериорност и квалитет и сосема заслужено го освои првото место. Одлични резултати направија и Ристо Чалков, освојувајќи го четвртото место во истата трка, како и Никола Ковачев кој беше единаесетти.
 
Во женска конкуренција, во трката на 5 километри, Цеца Србова беше единаесетта.
На 10 километри во женска конкуренција, неуморната Валентина Узунова, која настапи претпладнето и на трката Титов врв скајрејс, каде беше вкупно осма и прва во својата категорија, вечерва го постигна истиот резултат. Беше осма во вкупниот пласман и прва во својата категорија.
 
На оваа „Поетска трка“ настапија и се покажаа во убаво светло и другите членови на АК „7-Ми Ноември“, Методија Ичев, кој трчаше извонредно тешка трка претпладнето на Титов врв, Мики Петровски, Живко Петков, Мијалчо Андоновски, Драган Ристов, Дарко Прошевски, кој настапи на Дојранскиот триатлон утринава, Димче Андреев, Кристијан Прошевски и Орце Цветков.
 
Се на се, одличен завршеток на еден исклучително богат атлетски викенд за атлетичарите од Гевгелија, кои учествуваа на вкупно четири трки. Честитки за сите нив.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *