ЕКИПАТА НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ВО ФУТСАЛ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО НА БАЛКАНСКИТЕ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ОХРИД

WEB Телевизија во живо

Во периодот од 12 до 16 јуни под покровителство на АМС се одржаа Отворени Балкански Училишни Спортски Игри – Охрид 2022, во женска и машка конкуренција. во 7 спорта на која ќе земат учество близу 450 ученици средношколци од 7 земји.
Целите се зближување на младите спортисти од Балканот, создавање нови пријателства, поместување на разликите и обид преку спортот да се реализира идеата за Отворен Балкан и секако натпреварување во дел од најпопуларните спортови во регионот.
 
На овие игри учествуваа околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Младите средношколци се натпреваруваа во 7 дисциплини и тоа:
• Ракомет – машки и женски
• Кошарка 3х3 – машки и женски
• Футсал – машки и женски
• Одбојка на песок – машки и женски
• Пинг-Понг – машки и женски
• Атлетика – машки и женски (100м, скок во далечина и фрлање ѓуле)
• Шах – машки и женски
 
Екипата во футсал на СОУ „Јосиф Јосифовски“, под менторство на професорот Никола Караколев го освои одличното 3 место.
Целта на овој настан е зближување на младите спортисти од Балканот и создавање нови познанства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *