ЗА УТРЕ, 31 МАЈ ЗАКАЖАНА 10-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на својата десетта седница, која е закажана за 31 мај 2022 година (вторник), ќе расправа за повеќе актуелни прашања. 

На дневен ред на Советот, ќе се најде Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година, за периодот 1.01.2022 г. – 31.03.2022г, како и Одлуката за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Советниците ќе бидат информирани за состојбата и преземените активности за кучињата скитници во општина Гевгелија, за состојбата со снабдувањето со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија, како и за за состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија.
 
На дневен ред на Советот на Општина Гевгелија, ќе се најде и Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Гевгелија на трошоците за набавка на велосипед, предложена од страна на градоначалникот на општина Гевгелија. Покрај ова, советниците ќе расправаат за измени и дополнувања на финансиските планови и годишните планови на неколку јавни установи, како и за други тековни прашања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *