ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМА 91 ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ ОД РОДЕНИ, ВО МАКЕДОНИЈА ТОЈ БРОЈ Е 3.400

WEB Телевизија во живо

Во првото тромесечје од 2022 година Македонија има негативен природен прираст од 3.418, според податоците на Државниот завод за статистика. Во јануари, февруари и март годинава има 4.009 живородени деца, а починати се 7.427 лица.
 
Во Општина Гевгелија, во овој период се родиле 36 деца а починале 127 лица, што значи природниот прираст е негативен, има 91 повеќе починати одошто родени.
 
Од 80 општини во земјата, само во 9 има позитивен природен прираст на населението во првото тромесечје. Станува збор за општините Василево, Липково, Студеничани, Сарај , Чаир, Шуто Оризари, Арачиново и Долнени.
 
Инаку, минатата година, во Македонија починале рекордни 28.816 лица, што е зголемување од над три илјади во однос на претходната година. Природниот прираст е минус 10.236. Во 2020 година починале 25.775 лица.
 
Во годините пред пандемијата на коронавирус, во Македонија годишно умирале по околу 20 илјади лица (20.446 – 2019, 19.727 – 2018, 20.318 – 2017, 20.421 – 2016, 20.461 – 2015

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *